Корисничко име Лозинка Пријави се
25.9.2018

На Мурињо му „пукна филмот“: Погба повеќе не е капитен

Португалскиот стратег повеќе не може да ги трпи глупостите на Французинот.

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, му ја одзеде капитенската лента на Пол Погба. Португалскиот стратег повеќе не трпи никакви критики од неговите фудбалери, па на најстрог можен начин го казни Французинот, откако по мечот со Вулверхемптон ја критикуваше тактиката на својот тренер.

Мурињо оваа одлука му ја соопштил на Погба денес во соблекувалната пред сите негови соиграчи, само неколку часаа пред дуелот со Дерби во Карабао купот, а одлуката ја поддржала и управата на клубот.

Ова е само знак дека врската меѓу овие двајца станува полоша секој ден, а нема да биде изненадување доколку Погба биде продаден уште во јануари, доколку продолжи со неговото недолично однесување. Со сигурност нема да биде во почетниот состав на следните неколку натпревари, па се очекува од оваа казна Погба да извлече поука, во спротивност, неговата кариера во Јунајтед ќе заврши на најлош можен начин.

Најнови вести