Корисничко име Лозинка Пријави се
08.10.2018

Де Хеа е во дилема – Дали да остане во Манчестер, или да бара нов клуб?

Шпанскиот чувар на мрежата се мисли дали да го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“

Манчестер јунајтед во последно време се соочува со многу проблеми, а сега се појави уште еден. Нивниот прв голман, Давид де Хеа, е во дилема дали да го продолжи договорот кој му истекува по крајот на оваа сезона. Клубот има опција според постоечкиот договор да активира клаузула според која Шпанецот ќе се задржи до јули 2020 година, но прашањето е дали тој воопшто сака да остане во Манчестер.

И покрај таа опција, Де Хеа би можел да го напушти клубот без обештетување, што би било голема загуба за Јунајтед. Преговорите за нов договор се во застој, па шпанскиот голман полека го губи трпението со управата и би можел да одбие одново да преговара, што значи дека „црвените ѓаволи“ би биле приморани да го продадат доколку сакаат да заработат од него. Моменталната состојба на клубот исто така може да придонесе во одлуката на Де Хеа да одбие нов договор, тој сака да игра за клуб кој ќе се бори за трофеи, нешто што Јунајтед во моментов не е способен да го прави.

Со оглед на ситуацијата, управата на клубот може да жали што не го продаде шпанскиот чувар на мрежата кога Реал Мадрид се интересираше за неговите услуги, а „кралевите“ во меѓувреме успеаја да го ангажираат Тибо Куртоа од Челзи.

Најнови вести