Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2018

Јуве подготвува нова сензација: Погба доаѓа во јануари!

Италијанските медиуми највавуваат нова трансфер „бомба“

Заврши фудбаслокот пазарење за ова лето, но не и шпекулациите околу иднината на Пол Погба. Италијанскиот весник „Тутоспорт“ утринава најави нова сензација за јануарскиот преоден рок, Јувентус тргнува во офанзива за потписот на Пол Погба.

Наводно, францускиот фудбалер преку својот агент Мино Раилоа, притиска за заминување од „Олд трафорд“, а негова желба е да се врати во Торино на добро познатата територија. Причините се јасни, односите меѓу Мурињо и Погба се сѐ полоши, дури непоправливи како што ги опишуваат англиските медиуми. 

Јувентус според најавите ќе подготви 100 милиони евра за својот ексиграч, но, „црвените ѓаволи“ речиси сигурно ќе бараат многу повеќе. Се чини дека шансите се мали за Јуве повторно да потроши 100 милиони или повеќе само шест месеци по доведувањето на Кристијано Роналдо, но при евентуално купување на Погба јасно е дека ќе има и некоја „жртва“ која ќе си замине, најверојатно играч од средината, за да се направи место за францускиот везен фудбалер.

Освојувачот на СП 2018 во летниот преоден рок беше блиску до трансфер во Барселона за сума од 112 милиони евра, но челниците на Јунајтед ја затворија вратата за Французинот, со одговор дека е незамелива фигура во тимот и лидер. Сепак, Погба и натаму има желба да си замине од Манечстер.

Најнови вести