Корисничко име Лозинка Пријави се
26.9.2018

Жозе: Знаев дека сме во проблеми кога Џонс дојде да шутира

Португалецот вели дека новото правило за да нема дополнителни 30 минути прави да биде потешко за фаворитите

Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо воопшто не размислува да поднесе оставка, по поразот од Дерби каунти и елиминацијата од Лига купот на Англија. Португалецот вели дека знаел дека Џонс може да промаши од белата точка, но и тоа дека смената на правилата, да не се играат дополнителни 30 минути ако е нерешено, се дополнителен проблем за фаворитите.
„Кога отиде пенал-рулетот во 7 и 8 серија знаев дека сме во проблеми, бидејќи останаа Џонс и Бејли да шутираат. Новите правила во Лига Купот, да се изведуваат веднаш пенали ако мечот заврши нерешено ги става фаворитите во потешка ситуација. Ако имавме дополнителни 30 минути, сигурно ќе победевме“, рече Мурињо по поразот од Дерби Каунти.
Манчестер мечот го заврши со играч помалку, откако во вториот дел црвен картон доби голманот Серхио Ромеро, но сепак тоа не треба да биде оправдување за поразот од клубот кој не игра ниту во Премиер лигата.

Најнови вести