Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2018

Мурињо ја подари јакната на навивач

Фановите на Манчестер му даваат целосна поддршка на Португалецот

Манчестер јунајтед повторно победува, а тоа ги радува сите кои се за „црвените ѓаволи“. Најтрофејниот клуб во Англија вчера со 2-0 победи на гости кај Барнли и сега има два триумфа и два порази по првите четири кола во Премиер лигата. 
Ромелу Лукаку ги даде двата гола за радост на гостите, но и големо олеснување на тренерот на Манчестер, Жозе Мурињо. Португалскиот стратег беше под притисок дека мора да го врати тимот на успеси, а навивачите знаеја како да го наградат.
„Црвената армија“ на Мурињо ечеше од трибините на стадионот во Барнли по завршување на средбата. Португалецот не заборави да им се оддолжи на фановите. Веднаш тргна кон трибината, ја прескокна заштитната ограда крај теренот и започна да се поздравува со фановите.
Во еден момент, Мурињо ја подаде јакната која ја носеше во текот на средбата и му ја подари на еден навивач. Тренерот остана без јакната, но уште повеќе на своја страна ги придоби навивачите на Манчестер кои никако не се сложуваат со идејата дека е време Португалецот да си замине од „Олд Трафорд“.

 

Најнови вести