Корисничко име Лозинка Пријави се
10.9.2018

Се чека пад на Мурињо во Манчестер, а тој падна во Лондон

Португалскиот стратег имаше незгода на влезот на „Вембли“.

Секој потег на Жозе Мурињо се следи внимателно. Затоа португалскиот стратег не може да се скрие дури и кога ќе му се случи незгода. Мурињо беше во Лондон за да го гледа дуелот меѓу Англија и Шпанија во Лигата на нациите, а на влезот пред стадионот „Вембли“ имаше незгода.
Во брзање, Мурињо се обиде да прескокне една мала ограда, но се сопна, загуби рамнотежа и падна на земја. Веднаш тука беше да му помогне човек кој носеше јакна со натпис „тука сум да помогнам“. Човекот се најде на вистинско место во вистинско време, а Мурињо со насмевка реагираше на незгодата која го снајде и продолжи. 

 

Најнови вести