Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2018

Нејмар учи англиски, го преферира Лондон пред Манчестер

Челзи и Арсенал би имале предност во однос на Манчестер сити и Јунајтед, доколку Бразилецот се пресели во Премие лигата

Според еден англиски медиум кој се повикува на сигурни „инсајдерски“ информации, бразилската фудбалска суперѕвезда Нејмар доколку направи трансфер во Премиер лигата, сака да игра за клуб од главниот град Лондон. 

Нејмар минатото лето за светски рекорд од 222 милиони евра од Барселона се пресели во Пари Сен Жермен, а договорот со францускиот првак му важи до 2022 година. Иако катарските сопственици на клубот ќе се обидат да го задржат кај себе до Светското првенство 2022 во Катар, многумина веруваат дека Нејмар ќе си замине порано бидејќи француската лига не му е предизвик.

Бразилецот повеќе би сакал да се врати во Шпанија, интерес за него имаше од Реал Мадрид, но немаше официјална понуда, па сега во игра влегуваат и англиските клубови. 

Навивачите на Манчестер сити сметаат дека Нејмар би сакал да игра за тренерот Пеп Гвардиола, но доколку си замине од Париз, на блиски лични пријатели им рекол дека би сакал да оди само во Лондон, а не и во Манчестер. 

„Нејмар го сака Лондон, воодушевен е од градот, ме молеше да одам со него. Беше таму три или четири пати во последната година. Не зборува течно англиски, но учи и веќе напредува“, рекол пријателот на Нејмар. 


Најнови вести