Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2018

Не оди без Роналдо, мора да се купи Нејмар!

Реал Мадрид ќе плати 300 милиони евра за Бразилецот

Европскиот првак Реал Мадрид подготвува нов план. Сака да го купи Нејмар од Пари Сен Жермен. Според шпанскиот весник „Спорт“, мадридскиот гигант е подготвен да плати неверојатни 300 милиони евра за доведување на бразилскиот репрезентативец. 
Нејмар би бил вистинската опција за Реал Мадрид откако летово од тимот си замина Кристијано Роналдо. Без вистински лидер на теренот, Реал не е силен како лани, а тоа се потврди и на мечот од Суперкупот на Европа. Кралскиот клуб беше поразен со 4-2 од градскиот ривал Атлетико и веќе остана покус за еден од трофеите кои во минатата сезона ги доведоа во витрините на „Сантијаго Бернабеу“. 
Досега Реал е доста пасивен и во летниот преоден рок го доведе единствено бразилскиот тинејџер Винисиус Жуниор за сума од 45 милиони евра. Нејмар одигра само една сезона во ПСЖ, откако „светците“ за откуп на неговиот договор на Барселона ѝ платија 222 милиони евра. 
Реал има уште две недели во кои има можност да го направи најголемиот трансфер во историјата на фудбалот, но прашање е дали ПСЖ ќе се согласи на такво нешто. 

 

Најнови вести