Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2018

Од тројки ПСЖ мина на покери, „плачкото“ Нејмар ги расплака навивачите на Ним

Пари Сен Жермен сигурно гази во француското првенство, а досегашните три тројки во првите три кола ги зачини со покер против Ним

Пари Сен Жермен ја забележа четвртата победа во француското првенство и прва со 4 постигнати голови.
На гостувањето кај Ним „светците“ славеа со 4:2 и по трите меча со по три постигнати голови сега ја надминаа границата со покер голови. 
Бразилецот Нејмар имаше посебни мотиви за игра и со гол за ПСЖ им возврати на на вредливите пароли на навивачите на Ним. Особено впечатлив беше транспарентот „Плачкото Нејмар“ што го истакнаа домашните фанови, а токму таму Бразилецот на интересен начин го прослави водечкиот гол за ПСЖ. Нејмар по голот дотрча до трибината со навивачи на Ним и имитираше бришење  на солзи, како реакција на провокативната содржина на транспарентот.
Потоа погодок постигна и Ди Марија за 0:2 на полувремето. Ним не се откажа од битката со фаворитот и со два гола на Бобикон и на Савание израмни на 2:2. Кога се чинеше дека е  можна сензација на новиот прволигаш на сцена стапија Мбапе и Кавани со погодоци за нова победа на ПСЖ.

 

Најнови вести