Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2018

Рен ќе атакува на Лигата на шампионите, пристигна и Бен Арфа

Хатем Бен Арфа го засили Рен, екипа која има големи амбиции и има за цел да игра во Лигата на шампионите

Големиот талент на францускиот фудбал, Хатем Бен Арфа потпиша договоро со францускиот првиолигаш Рен, екипа која има високи амбиции.
Бен Арфа му се приклучи на летното засилување Нијанг од Торино, во екипата на Рен и тоа во последните мигови од преодниот рок.
Поранешниот француски репрезентативец беше еден од најголемите таленти, кариерата ја почна во Лион, а последен клуб пред трансферот во Рен му беше Пари Сен Жермен. Сега веќе има 31 година, но во Рен веруваат дека се уште ја има магијата од пред една деценија, кога беше вистинско откровение во Лион.

 

Најнови вести