Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2018

Будуќност смени 21 тренер за 12 години

Од 2006 година наваму, клубот од Подгорица имаше 21, а ќе го добие и 22-риот различен тренер

Управата на најпознатиот црногорски клуб Будуќност од Подгорица нема трпение со тренерите, па откако Црна Гора стана самостојна, од 2006 година наваму, ќе го ангажира 22-риот тренер. По шест кола во првенството, Зоран Говедарица е принуден да си замине. 

Се ветуваше атак на титулата, но стартот на сезоната е незадоволителен и од играчка и од резултатска гледна точка. Будуќност по шест кола, заостанува три бода зад лидерот ОФК Титоград, што не е многу, но дома имаше две нерешени средби за кои сметаа дека мора да ги добијат. Жртва на таквите резултати ќе биде стратегот од Нови Сад, во кого раководството на чело со претседателот Жарко Буриќ нема доверба. Говедарица дојде во јуни од Грбаљ. 

Откако Буриќ е на чело на клубот, од септември 2016, клубот имаше пет тренери, што докажува дека главното столче во стручниот штаб на Будуќност е повеќе од жешко. Работата со тимот ќе ја преземе помошникот Радисав Драгичевиќ, но фановите веќе се прашуваат до кога ќе издржи?