11.5.2015 ЖРК Вардар втор пат по ред трет во Европа
Ракометарките на ЖРК Вардар втора година по ред се трет тим во елитната Лига на шампиони.
„Црвено-црните“ во дуелот за третото место на завршниот фајнал фор турнир во Будимпешта ја победија руската екипа Динамо Синара од Волгоград со 28-26.
Најефикасна во македонскиот шампион беше Андреа Пенезиќ со девет голови, а кај Русинките најпрецизна беше Ана Кочетова со седум постигнати голови.
Будуќност од Подгорица, кој во полуфиналето со убедливи 27-17 го победи ЖРК Вардар, е шампионот во женската ракометна Лига на шампионки за сезоната 2014/15 откако во финалето беше подобар и од норвешкиот Ларвик со 26-22.
Катерина Булатовиќ со седум голови го предводеше Будуќност до вториот шампионски трофеј европски првак, а на Ларвик, кој до финалето имаше стоотстотен ефект, не му помогнаа ниту десетте голови на Нора Молк.