Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2018

У18: Победнички старт на ракометарите на ЕП во Грузија

Кадетите на Македонија ја совладаа Литванија во првото коло

Ракометарите на Македонија, предводени од Данило Брестовац имаа успешен старт на Европското првенство (Б дивизија) за играчи до 18 години кое се одржува во Грузија. Нашите ракометари беа подобри од Литванија со резултат од 32:30, а победата можеше да биде уште поубедлива.

Фуриозниот старт на нашата селекција обезбеди високи +6 на полувреме. Во вториот дел од средбата Литванците се обидоа да направат целосен пресврт, па така ја стопија негативата на само -1 при резултат од 26:25, но, за среќа ракометарите на Брестовац навреме се реагираа и одново создадоа сигурна предност во последните минути од средбата, што беше доволно за прв позитивен исход на шампионатот.

Ненад Костески со 11 и Мартин Серафимов со 9 голови беа најдобри стрелци во нашиот тим, додека за литванскиот состав најпрецизен беше Валентукевичиус со 8 голови.

Во следното коло нашата репрезентација игра против селекцијата на Луксембург.

Најнови вести