Корисничко име Лозинка Пријави се
25.6.2018

Македонија со Шпанија и Хрватска на СП 2019

Денеска во Копенхаген беше извршена ждрепката за групната фаза на Светското првенство во ракомет следната година. Македонија се најде во групата Б заедно со Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија.

Македонската ракометна репрезентација на Светското првенство 2019 година ќе игра во групата Б во Минхен.
Ждрепката нè состави со нашиот поранешен селектор Лино Червар, кој сега ја предводи Хрватска.
Раул Гонзалес исто така ќе има уште една можност да се пресмета со својата Шпанија која е актуелен европски шампион. 
Во нашата група уште се и репрезентациите на Исланд, Бахреин и Јапонија.

ГРУПА А (Берлин): 
Франција, Русија, Германија, Србија, Бразил, Кореја

ГРУПА Б (Минхен): 
Шпанија, Хрватска, Македонија, Исланд, Бахреин, Јапонија

ГРУПА Ц (Хернинг): 
Данска, Норвешка, Австрија, Тунис, Чиле, С. Арабија

ГРУПА Д (Копенхаген): 
Шведска, Унгарија, Катар, Аргентина, Египет, Ангола

Првенството ќе се игра од 9 до 27 јануари следната година во Германија и во Данска.

Најнови вести