Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2018

Карачиќ и Борозан повторно во акција

Тренерот Парондо со убави вести пред мечот на Вардар против Железничар Ниш во СЕХА-лигата

Актуелниот шампион на СЕХА-лигата, тимот на Вардар, ќе биде посилен за Игор Карачиќ и Вуко Борозан во мечот против Железничар од Ниш. Двајцата ракометари отсуствуваа поради повреди, но тренерот Парондо посочи убави вести пред новата пресметка во регионалното натпреварување.

„Карачиќ и Борозан се чувствуваат подобро и доколку добијат „зелено светло“ од медицинскиот тим, голема е веројатноста утре да добијат шанса за настап“, вели предводникот на „црвено-црните“.

Вардар утре (20.15 часот) го игра вториот меч од новата сезона во СЕХА, во СЦ „Јане Сандански“ доаѓа тимот на Железничар Ниш, кој во првото коло загуби од Војводина со 27-20.

Најнови вести