Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2018

Градско дерби во СЕХА-лигата: Вардар во обид да ја продолжи доминацијата против Металург

Вардар и Металург во меѓусебна пресметка традиционално во првото коло од новата сезона во регионалното ракометно натпреварување

Актуелниот шампион на СЕХА-лигата, тимот на Вардар, одбраната на титулата ја започнува во „Јане Сандански“, против градскиот ривал Металург во првото коло од новото издание на регионалното натпреварување. „Црвено-црните“ целат кон продолжување на доминацијата над тимот од Автокоманда, додека Металург има голем мотив да се надигрува со ракометарите на Пародно.

Традицијата е на страната на европскиот првак од пред две сезони, Вардар славел дури на девет пресметки со Металург во рамките од СЕХА-лигата, две победи од нив беа на Ф4 турнирите. Металург, пак, последниот триумф против Вардар во овој шампионат го забележа пред пет години, односно во 2013 година кога Металург славеше со 22-21.

И двата тима сè уште ги немаат комплетирано ростерите, Вардарци ќе играат без капитенот Стоилов, кој поради повреда, ќе паузира до три месеци, а поради слични проблеми недостасуваат Карачиќ и Борозан. Поради проблеми со документите, новите засилувања Адријан Миличевиќ и Предраг Мијатовиќ нема да настапат за Металур.

Вардар и Металург пред десетина дена еднаш ги пресметаа силите, во рамките од Суперкупот на Македонија „црвено-црните“ славеа со убедливи 33-24, а дали нѐ очекува дуел со сличен исход, ќе дознаеме вечерва во 20.45 часот.

Според нашата понуда, Вардар е апсолутен фаворит со квота од 1.05 за „двојка“, додека квотата за победа на Металург е 17.

Најнови вести