Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2018

Вардарци со „фенерот“ во Стразбур

За крај, пораз од тимот на Кирил Лазаров

Екипата на ракометниот клуб Вардар, со пораз од Нант од 27:29 го заврши настапот на турнирот во Стразбур, и се пласираше на последното шесто место. 
И покрај тоа што беа ослабени на овој натпревар со неиграњето на Игор Карачиќ, Стојанче Стоилов и Вуко Борозан, „црвено-црните“ добро започнаа и во 12 минута водеа со 8-4. Голманот Дејан Милосављев во првото полувреме имаше двоцифрен број на одбранети удари и беше најзаслужен за минималното водство (15-14) што екипата на тренерот Парондо го имаше по првото полувреме. 
Решавачки беше периодот кога при нерешен резултат од 22-22, Нант постигна три гола по ред и стигна до водство кое го задржа до крајот. 
Најфикасни во редовите на Вардар беа Горбок и Криштопанс кои постигнаа по 5 голови, додека по 4 беа дело на крилата Чупиќ и Дибиров. Милосављев имаше 19 одбрани. 
Вардарци в среда ги очекува првиот дуел од СЕХА-лигата, против Металург. 

 

Најнови вести