18.8.2018 Македонија загуби во полуфиналето
Ракометарите до 18 години беа поразени од Белорусија
Македонските ракометни надежи загубија со 32:30 против Белорусија, во полуфиналето од Европското првенство Б дивизија. Со овој пораз, нашите надежи не успеаа да се пласираат во посакуваното финале.
Слаба беше одбраната на нашите надежи. Дури 17 примени голови во првото полувреме, што на противникот му донесе позитива од четири погодоци. Во вториот дел избраниците на селекторот Данило Брестовац заиграа поагресивно, успеаа да ја намалат негативата, но ни е и да ја стигнат предноста на Белорусија. Серафимовски со 15 погодоци беше најефикасен во македонскиот состав, но тоа не беше доволно за радост на крајот.
Македонија во групната фаза имаше пет победи во пет меча, но во можеби најважниот натпревар, прими дури 32 гола и тоа беше пресудно за пораз. Во последниот меч на турнирот, Македонија утре од 14 часот ќе игра против Швајцарија во битка за третото место на ова ЕП Б дивизија.