Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2018

У18: Македонските ракометари нанижаа две победи на шампионатот во Грузија

Втор натпревар, втора радост за нашите млади ракометари на Европското првенство

Македонската ракометна селекција до 18 години славеше против Луксембург со 31:25, во вториот натпревар од шампионатот во Грузија. За нијанса потежок предизвик од оној против Литванија, но избраниците на Брестовац се изборија за сигурен триумф и заедно со Швајцарија се единствените две селекции во групата А со две победи на исто толку натпревари.

Во првото полувреме и двете репрезентации беа со израмнети сили, па на пауза заминаа со 14:14. Во одлучувачките 30 минути беше неизвесно при 18:18, а потоа Македонија го пронајде посакуваниот ритам и направи серија од 4:0 за 22:18, предност која беше недостижна за противникот до крајот на средбата.

Нашите ракометари утре ќе одмораат, следниот натпревар им се закажан за понеделник, во третото коло ќе се сретнат со Фaрските острови.

Најнови вести