Корисничко име Лозинка Пријави се
12.5.2018

ЖРК Вардар по петти пат по титулата во Лигата на шампионите

Македонскиот шампион ЖРК Вардар по петти пат ќе настапува на фајнал фор турнирот во Будимпешта во ракометната Лига на шампиони.

Ракометарките на Вардар имаат една и единствена цел, да ја освојат европската титула и за медиумите изјавија дека знаат дека нема да има шанси за поправен, односно нема да имаат следна сезона.
„Ова ни е последна шанса, но немаме притисок. Дојдовме да уживаме, но ќе бидеме и внимателни бидејќи Ростов Дон иако е дебитант, ќе ја искористи секоја шанса што ќе му се пружи. Ние сме тука за титулата и се надевам дека ќе си заминеме со неа“, изјави Александра Лакрабер.
ЕХВ на својот профил на „Твитер“ постави прашање: „Кој ќе биде новиот освојувач на Лигата на шампионите? Таму гласаа фановите, а и според обложувалниците, ЖРК Вардар е втор фаворит за освојување на пехарот.
Главен фаворит е бранителот на титулата Ѓер со 46%, ракометарките на Вардар се втори со 28%, а трет е ЧСМ Букурешт со 17%. Најмалку шанси му даваат на Ростов Дон, ривалот на ЖРК Вардар, кој има само 9% од гласовите.
Вардар денес во 18 часот, во второто полуфинале ќе игра против Ростов Дон.
Во недела во 15Ч15 часот ќе се игра натпреварот за третото место, а финалето е закажано за 18 часот.

 

Најнови вести