Корисничко име Лозинка Пријави се
07.7.2011

Познати групите во кошаркарската Евролига

Денес во Барселона беа извлечени групите за новата сезона во Евролигата. Како и секоја година, Евролигата е организирана во четири групи, со по шест екипи Извлекувањето беше полудиригирано, па така екипи од иста земја не можат да бидат во иста група, освен екипите од Шпанија, која има пет преставника.

Покрај групите беа извлечеи и двојките кои треба да дадат уште два преставника во Евролигата. Првиот квалификант ќе биде познат по разигрувањето на паровите Алба – ВЕФ Рига, Химки – Туров, Шарлоа – Доњецк и Нимурк – Банвик, а вториот ќе биде победникот од разигрувањето на паровите Асвел – Гравлен, ПАОК – Галатасарај, Литвос Ритас – Будуќност и Цибона – Шоле.

Квалификациите ќе почнат на 29 септември, а групната фаза ќе стартува на 17 октомври. Фајнал фор турнирот ќе се одигра од 11 до 13 мај во Истанбул.

 

Група А: Олимпијакос, Каха Лаборал, Фенербахче, Билбао, Канту, Нанси

Група Б: Панатинаикос, ЦСКА Москва, Уникаха, Жалгирис, Бамберг, Загреб

Група Ц: Реал Мадрид, Макаби, Партизан, Ефес, Армани, Квалификант А

Група Д: Барселона, Монтепаски, Уникс, Проком, Олимпија, Квалификант Б.

Најнови вести