Корисничко име Лозинка Пријави се
13.3.2018

ФИФА ќе ја отстрани Грција од меѓународните натпреварувања?

Светската фудбалска федерација може да ја суспендира Грција од меѓународните натпреварувања поради неверојатниот инцидент кој се случи во неделата во Солун.

Иван Савидис, сопственикот на ПАОК, незадоволен од одлуката на судијата да го поништи голот на неговиот тим во последните моменти на дербито против АЕК, влезе на теренот и им се закануваше на арбитрите, а на појасот имаше пиштол.
Како што пренесува Би-би-си, ФИФА ја предупредила Фудбалската федерација на Грција за евентуална дисквалификација доколку не обезбеди сигурност на натпреварите од националниот шампионат.
Грчката полиција вчера издала налог за приведување на Савидис, но не поради поседување оружје, туку поради упадот на теренот и учеството во инцидентот.
Грчкиот министер за спорт Јоргос Василијадис по состанокот со премиерот Алексис Ципрас одлучил на неодредено време да забрани одигрување на натпреварите во Суперлигата, а ФИФА и УЕФА го осудија инцидентот во Солун.

Најнови вести