Корисничко име Лозинка Пријави се
09.8.2018

Прекин во Грац - Ова е судијата кој доби шише в глава

Дуелот помеѓу Штурм и АЕК Ларнака беше прекинат, откако домашната публика го удри помошниот судија

Иван Тричковски со капитенската лента на раката, постигна гол во 74 минута, доведувајќи го во водство од 2:0 својот тим АЕК Ларнака, а три минути подоцна излезе од игра и почнаа да летаат шишиња кон теренот, при што беше погоден помошниот судија. Судијата со раскрвавена глава, падна на тревата, и главниот судија веднаш го прекина дуелот.
Официјалните лица и фудбалерите се повлекоа во соблекувална, а потоа имаше состаноци и консултации со претставниците на УЕФА, за да се знае дали мечот ќе продолжи без публика, или ќе биде дефинитивен крај. Сепак, последната одлука е да се дограат преостанатите 13 минути. Судијата Кливер беше заменет со колегата Линдгрен. 
Иако Тричковски излезе од терен, тоа не значи дека во последните 13 минути нема да има Македонец на терен. За АЕК игра и Даниел Мојсов, кој влезе во игра во 60. минута и ќе треба да ги спречи налетите на домашните во обид да се спасат од пораз, или барем да го ублажат.