Корисничко име Лозинка Пријави се
30.6.2012

Тричковски во Бриж за милион евра

Иван Тричковски, напаѓачот на АПОЕЛ кој минатата година беше прогласен з најдобар фудбалер во Македонија и во кипарското првенство потпиша тригодишен договор со Бриж.

Поранешниот напаѓач на Вардар, Работнички, Црвена звезда и довчерашниот член на кипарскиот АПОЕЛ, едно од најпријатните изненадувања во минатата сезона од Лигата на шампионите, направи трансфер во белгискиот гигант Бриж.
Обештетувањето за македонскиот напаѓач изнесува еден милион евра, а договорот е потпишан на три години.
Иван Тричковски минатата година беше прогласен за најдобар фудбалер на Македонија во изборот на ФФМ, како и за најдобар фудбалер во кипарското првенство.
„Сè се случи многу брзо. Се радувам што ќе играм за еден од најдобрите клубови во Белгија, кој има богата историја и големи амбиции“, изјави Тричковски.
Минатата сезона дваесет и петгодишниот напаѓач одигра 24 натпревари за АПОЕЛ и постигна шест голови.

Најнови вести