09.8.2018 Им тргна на гостите во Лига Европа
На трите меча кои почнаа во 18 часот, гостинските екипи имаа три победи
Аталанта беше подобра од Хапоел Хаифа со 4:1, Клуж со триумф од 2:0 се врати од гостувањето кај Алашкерт, а литванска Судува славеше со 1:0 кај соседот, летонски Спартакс.
Денешната програма од квалификациите за Лига Европа почна со домашна победа, на руска Уфа против Нидеркорн од Луксембург, со 2:1, но потоа следуваше низа од три победи на гостинските клубови.
Најубедлива беше италијанска Аталанта, која доминираше против израелскиот клуб чиј член е Македонецот Ристо Митревски. Митревски остана на клупата во сите 90 минути. Израелците рано, во 7 минута поведоа со 1-0, но тоа ги налути гостите, па само 14 минути подоцна резултатот веќе беше 1-2. Во второто полувреме, резервите Пашалиќ и Бароу ја довршија работата и реваншот ќе биде формалност. Ако тимот од Бергамо оди понатаму, што би било логично, во баражот за влез во групи ќе се сретне со Копенхаген или ЦСКА Софија.