Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2018

Меч на денот: Во Копенхаген мора да има гол(ови)

Откако одиграа 0-0 во Бергамо, Копенхаген и Аталанта ќе играат додека не падне барем еден гол, ако треба и на пенали ќе решаваат кој оди во групите од Лигата на Европа

Данскиот претставник Копенхаген извлече реми без голови на гостувањето кај Аталанта, но тоа не значи дека има некоја голема предност пред вечерашниот реванш на неговиот стадион „Телија Паркен“. 
Аталанта е во серија од шест меча без пораз, Копенхаген седум меча по ред или победува или игра нерешено. Влогот е голем, но мали се шансите овие екипи да играат претпазливо, со акцент на одбраната. Во 90 или 120 минути, треба да има победник, а место во групите од Лигата на Европа има само за еден од овие тимови. 
Аталанта е тим кој многу добро игра на гости. Минатиот месец, по 2-2 дома против Сараево, на гости кај истиот противник славеше со неверојатни 8-0. Викендов, Аталанта и без неколку стандардни првотимци кои одмораа, даде три гола на гостувањето кај Рома, но и прими исто толку. 
Копенхаген сезонава на домашен терен само реди победи, игра доста ефикасно, па мечот би требало да биде доста интересен. Данците се клуб кој од 1992 наваму одиграле 188 меча во европските купови. 
Кај Аталанта нема да игра Иличиќ, кој е болен, а неизвесен е Туминело. Кај домашните, повреди имаат Папајанопулос и Винд. 
Во нашата понуда за овој меч ,кој почнува во 18.30 часот, сепак, предност му се дава на гостинот од Серија А. Шансите за победа на тимот од Бергамо се ценат на 1.75. Коефициентот за победа на Копенхаген е 4.60, а за нерешено 3.55. 

 

Најнови вести