Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2018

На Лајпциг му се раздени во финишот, отпорот на Зорја скршен со гол од пенал

Бундеслигашот Лајпциг среќно ја елиминираше Зорја со гол во самиот финиш од реваншот и со победа од 3-2 се пласира во Лигата на Европа

Шведскиот интернационалец Емил Форсберг имаше многу нерви и погоди од белата точка во 90-тата минута за победа на Ред Бул Лајпциг против Зорја од 3-2, доволно за пласман во Лигата на Европа.
Украинците пружија голем отпор во двомечот, имаа резултат што ги води во фазата по групи во ЕЛ, но во финишот големиот фаворит го скрши отпорот на Зорја. Првиот меч заврши нерешено без голови, денеска гостите од Украина водеа со 2-1 до 70-тата минута, но примија два гола за дваесеттина минути и се елиминирани.

 

Најнови вести