Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2018

Дали конечно дојде моментот кога Шкендија ќе се пласира во ЛЕ?

Македонскиот шампион вечерва го игра мечот за историја – Потребни се најмалку два гола за пласман во групната фаза

Шкендија вечерва ќе има шанса да му се реваншира на Розенборг за поразот од 3-1 пред една недела, а воедно и можност да испише нови страници во нивната фудбалска историја. Тетовци по трет пат играат плејоф во Лигата на Европа, секако, посакуваат третиот обид за влез во групната фаза да биде среќен, но за тоа се потребни најмалку два гола и празна мрежа вечерва на арената „Филип Втори“.

Македонскиот шампион верува во своите квалитети, во Норвешка покажаа дека можат да се надигруваат и со тим каков што е Розенборг, дури им ги открија слабите точки. Особено мотивиран е напаѓачот Бесарт Ибраими, кој посакува повторно да ја затресе мрежата на голманот Хансен.

„Трет пат играме плејоф, овој пат сакаме нас да ни се посреќи. Во тимот владее одлична атмосфера, сакаме да докажеме дека не стигнавме до тука залудно. Посакувам повторно да ја затресам мрежата, да дадам гол што ќе ги израдува фановите и ќе ни донесе голема радост на крај, но најважно е сите да одиграме на високо ниво“, истакна голгетерот на Шкендија, Бесарт Ибраими.

Мечот Шкендија – Розенборг е закажан за 20.15 часот, а според нашите понуди за типување, за „кец“ на Шкендија квотата е 2.80, за победа на Розенборг квотата е 2.45, додека за реми е 3.35.

Најнови вести