Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2018

Мобилизација на навивачите во Трондхајм – Не седете дома, Розенборг го игра најважниот меч

Интересна најава за мечот со Шкендија објавија домаќините од Трондхајм, а се повикуваат навивачите на Розенборг масовно да ги исполнат трибините во најважниот меч за клубот во 2018 година

Розенборг повторно ќе ѝ биде домаќин на македонска екипа во значајни европски мечеви, а по Вардар лани, сега на ред е Шкендија. Задутре од 20.45 часот на „Леркендал“ стадионот во Трондхајм ќе почне клучниот двомеч меѓу Розенборг и Шкендија за пласман во фазата по групи во Лигата на Европа.
Розенборг е речиси редовен учесник во фазата по групи во ЛШ или во ЛЕ, а и сега домаќините сакаат нов настап во второто по сила европско клупско натпревареување. И имаат интересна мотивација за навивачите објавена на нивната клупска страница.
„Не седете дома. Дојдете на „Леркендал“ да навиваме заедно за победа на Розенборг во најважниот меч годинава“, е повикот до навивачите.
Лани, Розенборг го победи Вардар со 3-1 на арената „Леркендал“, а и сега е фаворит против Шкендија. Реваншот ќе се игра во Скопје, на 30-ти август од 20.15 часот.

 

Најнови вести