Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2018

Розенборг без едно крило во Скопје, се повреди Хеланд

Норвешкиот шампион Розенборг ќе биде ослабен на реваншот во Скопје, задутре против Шкендија, по повредата на Пал Андре Хеланд

Десното крило на Розенборг, Пал Андре Хеланд нема да игра во Скопје на реванш мечот со Шкендија, откако го повреди мускулот на десната нога, на завчерашниот меч со Штромгодсет. Хеланд е еден од најискусните играчи на Розенборг, има 110 настапи за тимот и е важна алка во системот на Рини Кулен. 
Хеланд играше на првиот меч против Шкендија, но потоа имаше пех и се повреди на дуелот од норвешкото првенство што Розенборг го доби со 4:3 против Штромгодсет.
Хеланд според проценките на медицинскиот тим на норвешкиот првак ќе паузира еден месец и воопшто нема да допатува за реваншот со Шкендија. Розенборг го доби првиот дуел со 3:1, а реваншот во Скопје, во четврток од 20,15 ќе го одлучи патникот во фазата по групи во Европа Лигата.

 

Најнови вести