Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2018

Мици: Фудбалот е убав и непредвидлив, ќе дадеме се од себе да го елиминираме Розенборг

Албанскиот репрезентативец Гледи Мици ги повика навивачите на Шкендија да ја исполнат националната арена „Филип Втори“ во Скопје и со нивна поддршка да се обидат да го изненадат Розенборг

Шкендија ќе има тешка задача да го елиминира Розенборг во завршната битка за пласман во Европа Лигата, но тетовци не се откажуваат. Негативата од 1:3 од првиот меч не е недостижна, па од Шкендија најавуваат атак на сензација и историски клупски пласман во Европа Лигата.
„Фудбалот е непредвидлив, не секогаш фаворитите победуваат. Затоа е и една од најубавите игри. Очекувам масовна посета на трибините и ги повикувам нашите навивачи да дојдат во што поголем број и да не подржат во обидот да го надиграме и елиминираме Розенборг. Норвешкиот првак е квалитетен, но во фудбалот никогаш не се знае. Ќе дадеме се од себе да забележиме историски успех“, вели Гледи Мици.
Албанскиот репрезентативец летово ја засили Шкендија и има шанса да учествува во историски клупски успех со македонскиот шампион. Шкендија е во трет обид по ред да ја мине плејоф фазата, откако во претходните две години не успеа да го мине последниот степеник против Гент и Милан.
Реваншот се игра задутре, во Скопје од 20,15 часот.

 

Најнови вести