Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2018

Росе: Ѝ честитам на Шкендија, беше достоен ривал

Тренерот на Ред Бул Салцбург, Марко Росе, ја пофали играта на македонскиот првак Шкендија со изјава дека тетовци беа достоен ривал на фаворитот во третото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите

Ред Бул Салцбург ќе игра двомеч со Црвена ѕвезда за пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите откако ја елиминира Шкендија со вкупен резултат од 4-0. Тренерот на австрискиот клуб, Марко Росе, сега има 4 победи против македонски екипи во исто толку натпревари, а изјави дека Шкендија играла одлично.
„Морам да ја пофалам Шкендија за одличните настапи на двата натпревари. Ние заслужено одиме понатаму, но македонскиот првак покажа квалитет“, рече Росе.
Тој беше тренер на младинскиот состав на Салцбург за играчи до 19 години, кој во 2017 година стана европски шампион, а одисејата ја почна против Вардар, со две победи. И сега као кормилар на сениорскиот состав го предводеше Салцбург до двоен триумф против Шкендија.

 

Најнови вести