Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2018

Розенборг се засили со Србин

Досегашниот капитен на Рад потпиша за норвешкиот клуб

Офанзивниот фудбалер Ѓорѓе Дениќ е нов член на норвешки Розенборг, клубот со кој Шкендија најверојатно ќе треба да игра бараж за влез во групната фаза од Лига Европа. Дениќ иако има само 22 години, ја носеше капитенската лента во белградски Рад, а со клубот од Трондхајм потпиша тригодишен договор. Најголема ѕвезда на Розенборг е Данецот Никлас „Лорд“ Бентнер, а Дениќ треба да делува како полушпиц, зад Бентнер.  
Дениќ, кој бил член  на сите младински селекции на Србија, при претставувањето изјави дека патувал два дена и дека не сака многу да зборува за себе, а го пофали стадионот кој го потсетувал на неколку такви во Србија.
Полза од трансферот има и клубот Рад, кој има проблеми, па со „финансиската инјекција“ која ја доби со продажбата на Дениќ, на „Бањица“ ќе може полесно да се дише. Рад има две победи по ред во српското првенство, но ќе мора да продолжи ослабен. Дениќ во дресот на Рад имаше одиграно 89 натпревари и постигна 9 гола. 

 

Најнови вести