Корисничко име Лозинка Пријави се
09.8.2018

Розенборг на 30 август ќе игра во Скопје?

Откако ќе го мине Корк сити, норвешкиот гигант во баражот за влез во ЛЕ, речиси сигурно ќе се сретне со Шкендија

За помалку од една година, норвешкиот клуб Розенборг по вторпат ќе допатува во Скопје за да игра официјален меч против македонски клуб. Лани тимот од Трондхајм му гостуваше на Вардар во групната фаза од Лига Европа, а сега му се насмевнува двомеч со тетовска Шкендија во баражот за влез во групната фаза од второто по квалитет натпреварување во Европа. 
Познато е дека подобриот од дуелот на Розенборг и Корк сити ќе игра со послабиот од пресметката на Ред Бул Салцбург и Шкендија (првиот меч 3:0 за Австријците). Норвежаните вечерва беа подобри од Ирците и тоа како гости, со двата гола на Џонатан Леви. Со оглед на резултатите од првите мечеви, најверојатно на 23 и 30 август, Розенборг и Шкендија ќе имаат двобој за влез во ЛЕ. 
Резултати од мечевите кои почнаа од 19.20 до 20.45 часот: Јагјелонија – Гент 0:1, ЦСКА Софија – Копенхаген 1:2, Нордсјеланд – Партизан 1:2, Башакшехир - Барнли 0:0, Бешикташ – ЛАСК Линц 1:0, Генк – Лех 2:0, Олимпија – ХЈК 3:0, Олимпијакос – Луцерн 4:0, Витесе – Базел 0:1, Зорја – Брага 1:1, Корк сити – Розенборг 0:2, Хајдук – Стеауа 0:0, Хибернијан – Молде 0:0, Ренџерс – Марибор 3:1, Сарпсборг – Ријека 1:1, Спартак Суботица – Брондби 0:2, ТНС – Мидјиланд 0:2. 

 

Најнови вести