02.9.2018 Нова напаѓачка сила на Шкендија – Потпиша Самир Фазли
Македонскиот шампион доведе поранешен репрезентативец
Шкендија ги засили напаѓачките опции со доведувањето на дваесет и седумгодишниот Самир Фазли. Поранешниот македонски репрезентативец се враќа во домашното првенство по пауза од девет години, претходно играјќи за Македонија ЃП.
Кариерата ја градеше во Холандија, Швајцарија и Хрватска, а доаѓа од клубот на Рудеж. Фазли има забележано седум сениорски настапи за Македонија, додека претходно играше за Вил, Хелмонд и Хереверн.