Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2018

Нема трета среќа – Шкендија утна два пенали, па прими два гола за елиминација

Шкендија трет пат по ред е елиминирана во плејоф-фазата за настап во Лигата на Европа, а вечерва тетовци немаа ниту грам среќа во новиот пораз од Розенборг

Шкендија пропушти златна шанса во третиот обид по ред да ја мине плејоф-фазата и прват да игра во Лигата на Европа, а пеналите беа кобни за македонскиот првак.
Во реваншот против Розенборг, вечерва во Скопје, Бесарт Ибраими и Изаир Емини промашија удари од белата точка, двајцата при резултат 0-0, а гостите казнија со два гола, за нова победа од два погодоци разлика.
По поразот во Трондхајм со 1-3, Шкендија почна офанзивно и во 20-тата минута имаше голема шанса да стопи половина од негативата. Бесарт Ибраими промаши пенал, па остана 0-0, но тетовци продолжија да доминираат и да напаѓаат.
Во 49-тата минута повторно беше досуден удар од белата точка за македонскиот првак, но и Емини не беше прецизен. Тоа делуваше депримирачки на домашните играчи, а Розенборг казни со два гола. Најпрво, Ховланд погоди во 67-мата минута, а потоа и Реџиниусен беше прецизен во финишот за нова победа на норвешкиот првак.
Со вкупен резултат од 5-1, Розенборг мина понатаму и ќе игра во Лигата на Европа, а Шкендија трета година по ред испаѓа во последната фаза пред пласман во ЛЕ. Преклани Гент беше пресилен, а минатата година и Милан лесно ги елиминира тетовци.

 

Најнови вести