Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2018

УЕФА си најде редовни „муштерии“ во Белград, по Црвена ѕвезда, и на Партизан му се заканува казна

Српските фудбалски гиганти Црвена ѕвезда и Партизан постојано се на „тапет“ во УЕФА, поради навивачите, а се најавува нова казна за нив, сега за „црно-белите“

На белградски Партизан  му се заканува строга казна од УЕФА, а „црно-белите“ стравуваат од суспензија на стадионот, по употребата на пиротехника на навивачите на дуелот со Бешикташ.
Српските медиуми најавуваат казна за Партизан, клуб кој веќе има неколку предупредувања од УЕФА за однесувањето на навивачите, а во минатото има играно пред празни трибини поради испади на симпатизерите.
Моментно, под суспензија од два меча настапи без публика и големиот ривал на Партизан, Црвена ѕвезда, а и двата клуба имаат шанса да играат во фазата по групи во двете европски натпреварувања.
Партизан го чека реванш со Бешикташ во Истанбул, по ремито дома 1-1 и ако се пласира во Лигата на Европа, можно е да игра некој меч без присуство на публика. Црвена ѕвезда веќе играше пред празни трибини, против Салцбург, во плејоф-фазата за пласман во Лигата на шампионите, а ја чека уште еден меч без навивачи, без разлика дали ќе продолжи во ЛШ, или во ЛЕ.

 

Најнови вести