Корисничко име Лозинка Пријави се
17.9.2018

Во игра се речиси две милијарди евра

Утре започнува Лигата на шампионите, а сите учесници имаат загарантирани 15,25 милиони евра

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) реши да го зголеми наградниот фонд за учесниците во Лигата на шампионите. Елитната фудбалска клиа започнува утревечер, а вкупно 32 клубови ќе се борат за континенталниот трон. 
Во споредба со минатата сезна, паричната награда која ја дава УЕФА е многу поголема. Ако минатата сезона беа поделени вкупно 1,3 милијарди евра, за оваа сезона вкупниот награден фонд е неверојатни 1,95 милијарди евра. 
Победникот во Лигата на шампионите ќе добие награда од 70 милиони евра, плус голем износ од телевизиските права. УЕФА постави и дополнителен награден фонд кој ќе се базира на клупскиот рејтинг. Врз основа на рој рејтинг, на Реал Мадрид му се гарантираат дополнителни 35 милиони евра. 
Секој учесник во Лигата на шампионите ќе заработи минимум 15,25 милиони евра. Секоја победа носи дополнителни 2,7 милиони евра, а ремито се вреднува со 900.000 евра. Пласманот во осминафиналето ќе донесе дополнителни 9,5 милиони евра, а пласманот во четвртфиналето е за плус 10,5 милиони евра. 
На екипите кои ќе се пласираат во полуфиналето им следуваат дополнителни 12 милиони евра. Финалето на ЛШ ќе се игра на 1 јуни 2019 година на „Ванда Метрополитана“ во Мадрид, каде поразениот тим како утешна награда ќе добие 15 милиони евра. За шампионот се планирани 19 милиони евра. 
Во најдобар случај, максималниот износ кој еден клуб може да го добие е 82,45 милиони евра. Тука не се вклучени парите од маркетингот, кој има голем удел во финансиската поткрепа на клубовите. 

 

Најнови вести