Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2018

Атлетико го „потопи“ Реал на продолженија – Нема хет-трик за „кралевите“ во Суперкупот

Реал Мадрид беше на прагот да го освои третиот по ред трофеј во Суперкупот на Европа, но играчите на Симеоне имаа друг план

Атлетико Мадрид по продолженија, го совлада градскиот ривал Реал со конечни 4-2 на арената „Ле Кок“ во Талин, Естонија, во меч кој се одигра во рамките на Суперкупот на УЕФА. Голеадата започна уште во 50-тата секунда, откако Диего Коста погоди за „јорганџиите“ и воедно постави рекорд во ова натпреварување за најбрзо постигнал гол. „Кралевите“ одговорија со гол на Карим Бензема во 27-та минута од средбата, по што на пауза се замина со нерешени 1-1.

Капиенот Серхио Рамос погоди од белата точка во 63-тата минута, откако Хуанфран играше со рака во шестнаесетникот, а Марчињак досуди најстрога казна во корист на Реал. На десетина минути пред крајот се чинеше дека европскиот шампион ќе стигне до третиот трофеј во низа во ова натрпеварување, но Диего Коста го израмни резултатот на 2-2 и го однесе мечот на дополнителни 30 минути игра.

Во продолжението се случи колапс на Реал, откако Саул и Коке стрелаа два пати за Атлетико во период од шест минути поставувајќи ги конечните 4-2.

Најнови вести