Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2018

Тренерите побараа: УЕФА да го укине правилото за „гол на гости“

Стратезите на најдобрите клубови во Европа се залагаат да не постои ова правило

Традиционалниот годишен состанот на тренерите на најдобрите клубови во Европа, кој се одржува во Нион, може да донесе револуционерна промена. Покрај сите теми на разговор, главен акцент било ставено на фамозното правило на УЕФА, „гол на гости“. Повеќето тренери се сложиле дека треба да си укине ова правило, кое многупати било искористено во корист на оваа екипа која ќе даде повеќе голови на гостински терен. 
На состанокот учествуваа тренери, како што се: Томас Тухел (ПСЖ), Унаи Емери (Арсенал), Масимилијано Алегри (Јувентус), Хулен Лопетеги (Реал Мадрид), Карло Анчелоти (Наполи), Пауло Фонсека (Шахтер) и Жозе Мурињо (Манчестер јунајтед), кои побараа одредени промени на правилата на УЕФА.
„Тренерите сметаат дека веќе не е толку тешко да се даде гол во гости како што било во минатото и затоа треба да се размисли ова правило да биде укинато. Според тренерите, во фудбалот многу работи се имаат сменето и дека денес голот постигнат на гостински терен ја нема истата тежина како што тоа беше во минатото“, објасни главниот директор на сите натпреварувања на УЕФА, Џорџо Маркети. 
Од УЕФА најавија дека ќе се разгледа овој предлог, па нема да биде чудно ако тоа правило за гол даден на гостински терен биде укинато. 

Најнови вести