Корисничко име Лозинка Пријави се
28.6.2018

УЕФА го исфрли Милан од Европа

Милан минатото лето потроши повеќе од 200 милиони евра на ангажман на нови фудбалери по што УЕФА се посомнева во финансиската стабилност на италијанскиот калчолигаш.

УЕФА го суспендираше Милан од натпреварувањата под нејзина организација на една година поради кршење на правилата за финансискиот фер-плеј.
Милан минатото лето потроши повеќе од 200 милиони евра на нови фудбалери, по што УЕФА се посомнева во финансиската стабилност на клубот кој е во сопствеништво на кинески конзорциум од април минатата година кога е купен за 800 милиони долари од Силвио Берлускони.
УЕФА до оваа одлука дојде откако Финансиската контрола на Европската фудбалска унија одби доброволен договор за израмнување, инсистирајќи дека финансиската стабилност на клубот е неодржлива.
Милан има право на жалба на оваа одлука на Судот за спортска арбитража во Лозана.
Со оваа одлука „росонерите“ нема да учествуваат во Лигата на Европа и нивното место ќе го заземе Аталанта. Доколку клубот следната сезона избори пласман во некое од европските натпреварувања ќе биде подложен на нова контрола.

Најнови вести