Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2018

Лука Модриќ е најдобар фудбалер според УЕФА

Во изборот за најдобри доминираа играчите на европскиот првак Реал Мадрид

Лука Модриќ е избран за најдобар фудбалер според УЕФА за минатата сезона. Капитенот на хрватската репрезентација за прв пат го добива ова признание. Тој беше избран за најдобар пред Кристијано Роналдо и Мохамед Салах. 
„Неверојатен момент за мене. Благодарам на сите кои гласаа за мене, на клубот Реал Мадрид, соиграчите, тренерите. Оваа награда им припаѓа и ним. Мојот татко е човекот кој прв пат ме одведе на тренинг и ме туркаше напред. Него најмногу му должам за тоа што сум сега“, рече Модриќ веднаш по добивањето на наградата. 
За време на ждрепката и одредување на групите од Лигата на шампионите беа доделени и наградите за најдобрите во Лигата на шампионите од минатата сезона, кога Реал Мадрид се радуваше на трофејот. Очекувано, играчите на Кралскиот клуб доминираа меѓу наградените. 
Голман на сезоната е Кејлор Навас од Реал Мадрид.
Дефанзивец на сезоната е Серхио Рамос од Реал Мадрид
Најдобар играч од средниот ред е Лука Модрќ од Реал Мадрид.
Најдобар напаѓач за минатата сезона е Кристијано Роналдо за игрите во дресот на Реал Мадрид.

Најнови вести