Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2018

УЕФА ја намали казната на Ѕвезда: „Делиите“ од првиот меч на трибини

Европската фудбалска куќа се смилува со српскиот шампион

Црвена ѕвезда оствари уште една победа по вчерашниот пласман во групната фаза во Лигата на шампиони. Претставниците на клубот кои поднесоа жалба за казната од два меча без публика, ја добија битката и успеаја да го свртат случајот во нивна корист. Фановите на српскиот првак ќе можат да го бодрат својот клуб уште во првиот меч од групната фаза кој ќе се игра на нивен терен, па така фудбалерите ќе имаат огромна поддршка во сите три натпревари на кои ќе бидат домаќини.

Ѕвезда беше казнета со два меча без публика, едниот веќе го одигра со Салцбург, средбата која на празниот стадион „Рајко Митиќ“ заврши без голови пред една недела. Казната беше доделена поради слаба организација за натпреварот против Судува, како и поради непристојно однесување на навивачите.

Дали Ѕвезда ќе биде домаќин уште во првото коло , ќе се дознае денес, по ждрепката која ќе се одржи во Монако, во 18 часот.


 

Најнови вести