Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2018

Далиќ нема дилеми, Модриќ ја заслужува наградата најдобар фудбалер на светот

Хрватска забележа голем успех на Мундијалот во Русија, го освои второто место, зад светскиот првак Франција, а има двајца кандидати во изборот на ФИФА за најдобар тренер и играч

Златко Далиќ е убеден дека Лука Модриќ ќе ја добие наградата на ФИФА за најдобар фудбалер на годината, а и самиот е во најтесна конкуренција за признанието најдобар тренер на планетата.
„Немам воопшто дилеми дека Лука ја заслужува наградата. Во последните години е клучен играч на Реал Мадрид, учествуваше во освојувањето на трите титули во Лигата на шампионите, беше најдобар играч на Мундијалот во Русија и тоа доволно говори за каков фудбалер се работи. Секако дека е тешко да се освојуваат индивидуални признанија покрај Роналдо и Меси, но Лука беше најдобар фудбалер на светот во 2018 година. Не гледам кој беше подобар од него, а мислам дека тоа го знаат сите што следат фудбал“, изјави Далиќ во интервју за официјалната интернет-страница на ФИФА.
И тој беше вистинско откровение на клупата на „коцкестите“ во Русија и умешно ги предводеше своите избраници до најголемиот успех во историјата на хрватскиот фудбал. Далиќ останува селектор на Хрватска, откако се договори со челниците на ХФС да продолжи како селектор на светскиот вицешампион.

 

Најнови вести