Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2018

Спалети: Интер е силен и без Модриќ

Во миланскиот клуб се среќни што Хрватот се заинтересирал за нивниот проект

Тренерот на Интер, Лучано Спалети, после гостувањето во Мадрид кај Атлетико, изјави дека неговиот тим е силен, а ако го донеле Лука Модриќ, ќе биле многу силни. Италијанскиот стручњак беше задоволен од победата од 1:0 на гостувањето на „Ванда“, а неизбежна тема беше и пропаднатиот трансфер на Модриќ од Реал во Интер.
„Спортскиот директор на клубот е одговорен за преговори со други клубови и играчи кои сакаме да ги донесеме. Секако дека сум многу среќен што еден играч кој освоил Лига на шампиони и беше најдобар играч на СП се интересира за нашиот проект. Мислам дека е многу тешко да се донесе таков играч, но нашиот клуб се обидува со сите сили и коректен однос да го привлече. Не знам како ќе заврши целата оваа работа. Условите кои му се нудат во Интер се одлични и прифатливи за секого, но ако Модриќ не дојде во Интер, тоа ќе биде затоа што во Реал многу им треба. Ние и вака сме силни, со него би биле многу силни“ – изјави Спалети.  

 

Најнови вести