Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2018

Бекам ги откри името и грбот на неговиот новоформиран клуб

Интер Мајами ќе се вика новиот фудбалски клуб, американската франшиза кој ја оформи Дејвид Бекам

Ексѕвездата на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, Дејвид Бекам, од неодамна стана сопственик, односно основач на фудбалски клуб чие седиште е во Мајами. Бекам преку социјалните мрежи денеска го обелодени и официјалното име, како и грбот на неговиот нов клуб.

Интер Мајами, или целосно „Club Internacional de futbol Miami“, е новото име, додека грбот содржи две птици – жерави, добро познато животно за јужниот дел од Флорида. Грбот на долниот дел содржи и римски бројки „MMXX“ (2020), годината која означува кога ќе започне фудбалската авантура во САД на овој клуб.

Бекам од неодамна ја доби дозволата од Фудбалската асоцијација во САД да го формира својот клуб, додека допрва треба да се одреди локација каде ќе гради стадионот на кој ќе се игра.

Најнови вести