Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2018

Мадрид - Милано 1:1

Реал го совлада Милан, а Интер беше подобар од Атлетико

Мадридско-миланскиот двобој вечерва заврши со по еден триумф на тимовите од двата града. Мечевите Реал – Милан и Атлетико – Интер се играа во исто време, на оддалеченост од 9 километри. 
Реал Мадрид и 13-та година по ред, а вкупно по 28-ми пат, го освои трофејот „Бернабеу“, во чест на човекот чие име го носи славниот стадион во Мадрид, а вечерва беше совладан Милан со 3:1. Бензема рано го отвори резултатот, брзо врати екс-играчот на Реал, Игуаин, а кон крајот на првото полувреме, Бејл го совлада Донарума за 2-1. Конечните 3-1 беа дело на Мајорал, во финишот на средбата. Во второто полувреме двата тима направија голем број на измени. Кај Реал, не се случи очекуваното деби на голманот Куртоа, но играше Модриќ, кој ги доби најгласните овации од публиката. На овој турнир, Реал последен пат загубил во 2004 година и тоа од мексикански Универзидад Национал. 
Честа на италијанскиот фудбал ја одбрани Интер, кој со голот на Мартинез во 31. минута, го порази Атлетико со 1-0, во рамките на Интернационалниот шампионски куп. За разлика од Реал, на хартија засилениот Атлетико не покажа дека е доволно подготвен за битката со градскиот ривал од европскиот Суперкуп. 
Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Интер, Милан

 

Најнови вести