Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2018

Ова се петте причини поради кои Модриќ остана во Реал

Хрватот добива поголема плата и побитна улога во тимот, а и семејството имаше влијание

Според шпанските медиуми, пет причини биле клучни што Лука Модриќ реши да остане во Реал Мадрид, и не побара од клубот по секоја цена да биде продаден во Интер. 
Прва, можеби и главна причина e зголемувањето на платата. Сега Модриќ доби плата со која му се гарантира статус на главна ѕвезда. Досега платата му беше иста како на Крос и Бензема, а со новиот договор, ќе заработува како Рамос и слично како Бејл. Втора причина е што Лука сака да се бори за трофеи. Реал има три титули по ред во ЛШ, а Интер одамна нема трофеј во некои значајно натпреварување. Како трета причина, се наведува адаптацијата на семејството во главниот град на Шпанија. Модриќ живее во Мадрид од 2012 година, и во овие шест години, веќе се навикнаа на животот во градот, па преселбата во Милано можеби и не им беше посакувана варiјанта, освен ако не беа приморани на такво нешто. 
Четврта причина е стилот на игра кој го негува новиот тренер Хулен Лопетеги. Модриќ верува дека добро ќе се снајде во системот на баскиецот, и ќе може да продолжи со добри игри, како тие на СП во Русија. Последна, но не е најневажна работа, е заминувањето на Роналдо во Јувентус. Сега Модриќ се чувствува како поголема ѕвезда, веќе не е во ничија сенка и ќе има уште поголема слобода во својата игра. 

Најнови вести