Корисничко име Лозинка Пријави се
06.9.2018

Бекам сака Роналдо да дојде во Интер Мајами

Дали е можно нова сензација поврзана со Португалецот

Ретко кој очекуваше дека Кристијано Роналдо ќе си замине од Реал Мадрид, но тоа, сепак, се случи. Португалецот го напушти „Сантијаго Бернабеу“ и потпиша тригодишен договор со Јувентус. Најтрофејниот италијански клуб го направи Роналдо убедливо најплатен фудбалер во историјата на Серија А. 
Роналдо е доведен во Јувентус за да му помогне на клубот да стигне до титулата во Лигата на шампионите. Ако тоа се случи и пред истекот на трите години од договорот, можно е Роналдо да си замине од Јувентус. 
Како следен нов клуб на Кристијано се споменува Интер од Мајами. Тоа е клубот чиј сопственик е Дејвид Бекам. Некогашниот англиски репрезентативец го промовираше логото на својот тим, кој ќе почне да се натпреварува во 2020 година. Како прва желба на Бекам е во екипата да биде доведен Кристијано Роналдо. Португалецот тогаш ќе има 35 години и само уште една година од договорот со Јувентус. Италијанскиот тим би го продал Роналдо за да може да добие и пари од Португалецот. 
Покрај Роналдо, на листата на желби на Бекам се и Вејн Руни, Радамел Фалкао и Џејмс Милнер. 

 

Најнови вести