Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2018

Десет фудбалери кои играле и за Реал и за Јувентус

Во пресрет на вечерашниот подготвителен дуел на најтрофејните клубови во Шпанија и Италија, потсетување кои играчи биле членови на мадридскиот и торинскиот гигант

Реал Мадрид и Јувентус вечерва на полноќ во Вашингтон, САД, ќе одиграат контролен меч во рамките на подготовките, а во составот на Јуве нема да биде Кристијано Роналдо, португалскиот ас кој летово се пресели од Реал во Јуве. Шпанските медиуми потсетија дека Роналдо не е единствениот кој бил и во белиот и во црно-белиот дрес, па објавија листа на фудбалери кои играле и за Реал и за Јувентус. 
На листата има 10 фидбалери. Секако предводник е Кристијано Роналдо, кој прејде од Реал во Јуве за обесштетување од 105 милиони евра. Прв играч кој настапувал за двата клуба е Луис Дел Сол, кој играл во 60-тите и со мадридскиот клуб има една европска титула. 
Останатите се добро познати. Некои директно правеа трансфер од Реал во Јуве или обратно, а некои може да и заблагодарат на судбината што играле за двата клуба. Тоа се Гонзало Игуаин, Сами Кедира, Алваро Мората, Фабио Канаваро, Емерсон, Зинедин Зидан, Михаел Лаудруп и Хуан Еснајдер. 

 

Најнови вести